На првиот список на Седлоски ќе има најмалку еден дебитант - познато е неговото име!
Се очекува на списокот на Седло да има неколку нови имиња, а едно кое со сигурност ќе биде е фудбалерот на Шкендија, Имран Фетаи.
Тоа го откри Шкендија која денеска информираше дека селекторот Седлоски ги повикал Решат Рамадани кој веќе има два настапи, и 23-годишниот Имран Фетаи за кого ова е прв повик.
Повик има и за Љупче Дориев, тоа го потврди неговиот клуб од Узбекистан, Согдиана.
Македонија на 26 март ќе игра против Данска во Копенхаген, додека на 31 март ќе се соочи со Ирска или Чешка во Даблин или Прага.