Ѓоковиќ полуде среде меч – урлаше и пцуеше кон трибините во Индијан Велс (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ептен тешко се пласираше во следното коло на турнирот во Индијан Велс, но мечот против Александар Ковачевиќ ќе се памети по неговата голема нервоза и жестоките пцовки кон тренерскиот тим.

Србинот славеше со 2-1 во сетови (6-4, 1-6, 6-4) во третото коло на мастерс-турнирот, но во текот на мечот често го губеше трпението. Особено бурна беше реакцијата во вториот сет, кога Ковачевиќ почна да ја презема контролата на теренот. Во еден момент Ѓоковиќ се сврте кон својот тим и нервозно извика:

„Па, да те е*ам, што чекаш, која пи*ка материна?“, урлаше Ноле.

Нервозата не престана тука. Во следниот гем повторно им се обрати на луѓето од својот тим. Видеото од инцидентот може да го погледнете ТУКА.

„Чекаш цел гем за да ми кажеш што треба да правам. Неверојатни сте, жими мајка, неверојатни“, дополни Новак.

И покрај кризата и нервозата, српскиот ас успеа да се стабилизира во третиот сет и на крајот да стигне до победата. Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против 24-годишниот Британец Џек Дрејпер, кој моментно е 14. тенисер на светот. Тоа ќе биде нивниот втор меѓусебен дуел, а во првиот победи српскиот тенисер.

Бурните реакции на Ѓоковиќ не се новост. Додека работеше со легендарниот хрватски тренер Горан Иванишевиќ, српскиот тенисер повеќепати знаеше јавно да го искаже незадоволството кон својата ложа, особено во моменти кога натпреварите стануваат напнати.

ФОТО: EPA PHOTO