„Лапорта пред пет години кажа дека Меси ќе остане во Барселона, но - излажа!“
Фонт потсети на една изјава на Лапорта од пред пет години пред претседателските избори во Барселона, кога тој ветуваше дека ќе го задржи Меси во клубот.
„Се сеќавам дека пред пет години Лапорта кажа дека ако ги добие изборите, Меси ќе остане во клубот, но ако победи било кој друг кандидат, тогаш Лео ќе си замине. Тоа беше лага. Затоа што единствен човек кој немаше план да го продолжи договорот на Меси е Лапорта“, обвини Фонт.