Родри доби парична казна зашто ги критикуваше судиите

Шпанскиот фудбалер Родри доби парична казна од 80.000 фунти и избегна суспензија, откако ги критикуваше судиите на мечот меѓу Манчестер сити и Тотнем (2-2).

Родри збесна по ремито против Тотнем (2-2) минатиот месец, кога судиите Роберт Џонс и ВАР-собата го признаа голот на Доминик Соланке по судирот со Марк Геи, по што во телевизиско интервју удри по арбитрите.

Фудбалската асоцијација отвори постапка против шпанскиот фудбалер и реши да го казни со 80.000 фунти.

Фото: Facebook/Manchester City