Нејмар се најде на поширокиот список со репрезентативци на Бразил

Бразилскиот фудбалер Нејмар се најде во поширокиот список на бразилската репрезентација за пријателските дуели против Франција и Хрватска.

Селекторот Карло Анчелоти планира во вторник да го гледа мечот на Сантос, но Нејмар нема да игра поради замор.

Враќањето на Нејмар на поширокиот список на Бразил не гарантира дека тој сигурно ќе добие повик за настап на Мундијалот ова лето.

Конечниот список на фудбалери за пријателските натпревари, Анчелоти ќе го објави идниот понеделник.