Ливерпул во сериозни проблеми пред гостувањето во Истанбул

Фудбалерите на Ливерпул во вторник од 18.45 часот ќе се соочат против Галатасарај во осминафиналето на ЛИгата на шампиони (ЛШ), а премиерлигашот има одредени проблеми.

Тимот на Арне Слот е фаворит во пресметката со турскиот гигант, но на првиот натпревар ќе бидат без голманот Алисон Бекер.

Бразилецот не патуваше со неговите соиграчи затоа што има проблеми со повреда, па поради тоа клубот не сакаше да ризикува и шанса ќе добие Гиорги Мамардашвили.

Фото: Facebook/Liverpool FC