Вардар го преброди Кратово и обезбеди клучен меч за титула на домашен терен! (ФОТО+ВИДЕО)
Вардарци тргнаа офазнивно од самиот старт и брзо создадоа неколку прилики пред голот на голманот Џеков, сепак реализација немаше. Но, задачата за фаворитот беше олеснета во 26. минута кога напаѓачот Дарко Додев беше исклучен откако заработи втор жолт картон.
Некоја минута подоцна поради протести од клупата на трибините беше испратен и тренерот на домашниот состав Александар Васоски.

Моментот на одлука се случи пред крајот на првото полувреме кога Цветковиќ го постигна четвртиот гол од доаѓањето во јануари во 43-тата минута.
Второто полувреме не донесе премногу фудбал, немаше шанси, па Вардар го зачува водството.



На вториот натпревар во Тетово, Шкендија во последните моменти од дуелот со Брера остана без победа. Тетовци и покрај тоа што играа со фудбалер помалку дојдоа до водство во 33-та минтуа преку Красниќки, но во 95. минута Виктор Велковски погоди за 1-1.
Исклучен претходно уште на стартот на дуелот беше Фетаи.
По ова коло Вардар сега има три бода повеќе од Шкендија на врвот е лидер со 55, тетовскиот состав со 52 се наоѓа на втората позиција.