„Ѓоковиќ е како стар лав – само лежи и го чека пленот за да го распарчи!“
Српскиот ас на претстојниот турнир во Индијан Велс ќе биде слободен во првото коло, а во второто ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Џовани Петши Перикар и Камил Мајхшак.
„Помина доста време откако Ѓоковиќ ги бира турнирите исклучиво со цел да биде во најдобро можно издание. Кога не чувствува дека е 100 проценти подготвен – ментално или физички – тој едноставно се повлекува и ја чека следната шанса“, изјави Кореча.
Според него, таквиот пристап е дел од стратегијата на српскиот тенисер.
„Тоа е како стар лав што само лежи и го чека својот плен. Кога ќе почувствува дека е подготвен, повторно излегува на терен“, додаде Шпанецот.
Кореча нагласува дека со Ѓоковиќ секогаш е тешко да се предвиди распоредот.
„Со него не можете да планирате многу подалеку од следниот турнир. Дури и кога изгледа одлично, може да реши да паузира три или четири недели. А понекогаш изгледа дека не е во најдобра форма, па потоа ве изненадува и почнува да победува“, објасни тој.
На крајот, Кореча истакна дека Србинот и понатаму има потенцијал за големи резултати.
„Во моментов е во состојба во која е способен за сè. За Новак многу е важна поддршката од публиката, да се чувствува сакан. Ужива во тоа. Сигурно ќе се зборува за него, бидејќи ќе биде во добра форма на практично сите големи турнири во текот на годината“, заклучи Кореча.