Скандал во Индијан Велс: Официјално лице фаќаше тенисерка за – задникот (ВИДЕО)

Една од најдобрите светски тенисерки, Елена Рибакина, се најде во непријатна ситуација за време на церемонијата на доделување трофеи на егзибициски турнир во Индијан Велс тенис гарден.

На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како еден од функционерите на турнирот несоодветно ја допира дури и за задникот, што предизвика бурни реакции во јавноста. Инцидентот се случил по победата на Рибакина и нејзиниот партнер во мешани двојки, Тејлор Фриц, на егзибицискиот Ајзенхауер куп, за што добија награда од 200.000 долари. Додека позирале со трофејот, потпретседателот на компанијата „Ајзенхауер хелт“, Дејвид Ренкер, ја ставил раката зад грбот на тенисерката и почнал да ја спушта кон нејзиниот струк.

Рибакина веднаш изреагира – со одлучен потег ја оттурна неговата рака и му упати остар поглед, по што Ренкер се повлече чекор назад. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни осуди од тениската јавност. Казахстанската тенисерка засега не се огласила за инцидентот. На своите профили објави само фотографии од прославата со Фриц. Во меѓувреме, Рибакина е фокусирана на главниот турнир во Индијан Велс, каде што важи за една од главните фаворитки за титулата.