Алегри нема против да го преземе Реал, ама има услов - Модриќ!
Италијанскиот стручњак, високо ценет од Флорентино Перез, веќе во два наврата во минатото контактирал со клубот и сега наводно нема против да потпише со шпанскиот гигант. Извори во Италија укажуваат дека Алегри јасно навел еден голем услов за преземање на функцијата: враќање на Лука Модриќ во екипата на Реал. Покрај тоа, во својот проект го сака и францускиот интернационален Адриен Рабио, како и контрола врз трансферите на играчи за претстојната сезона, бидејќи Реал Мадрид има за цел да ги освои сите трофеи.
Според „Тутоспорт“, Алегри е подготвен да се насочи на преговорите со Реал откако ќе исчезнат шансите за освојување на Скудетото, нешто што би можело да се случи уште на крајот на март со оглед на разликата во бодови со Интер. Тој е свесен дека тешко може да постигне повеќе со овој тим на Милан и би бил отворен за напуштање на Серија А, нешто што никогаш не се случило и покрај тоа што имаше атрактивни понуди од Реал и Премиер лигата во текот на неговата кариера. Сè укажува дека италијанскиот клуб нема да му пречи да замине, иако тој ќе има уште една година од договорот.
Што се однедсува до Модриќ, тој би имал 41 година кога ќе се врати во Реал и зад себе настап на Светското првенство со хрватската репрезентација, па прашање е колку може да дааде во овој тим на Реал. И во последната сезона пред да си замине од Бернабе, тој немаше голема минутажа, па Реал со него не успеа да освои ниеден трофеј.