„Насилничкото однесување на Ридигер е чист црвен картон“

Реал Мадрид вчера беше поразен од Хетафе во Ла Лига со 1-0, а овој натпревар беше облежан и со еден контроверзен момент кога според дел од јавнсота Ридигер заслужил да биде исклучен. 

Се играше 25. минута кога Диего Рико од Хетафе заврши на тревникот покрај аут линијата по еден дуел со Арда Ѓулер, тука во тој момент на него налето, Антонио Ридигер.

Германскиот репрезентативец беше невнимателен и со левото колено го удри Рико директно во лицето, меѓутоа изостана реакцијата од главниот судија и ВАР собата.

Ситуацијата ја коментираше и поранешниот судија Едуардо Итуралде Гонзалес кој нема дилеми дека дефанзивецот на Реал требало да биде исклучен. 

„Ова е црвен картон, ја видов снимката чист црвен. Една работа е да одиш на топка, Рико да има крената глава и да го удриш во дуел. Но тука Ридигер оди со колено и го удира. Ова е агресија, насилничко однесување. ВАР мораше да го повика судијата да ја прегледа ситуацијата“, смета Гонзалес.