Разочарување за навивачите: „Финалисима“ ќе се откаже поради војната!?

Катарскиот фудбалски сојуз соопшти дека сите активности се запираат поради војната во регионот, откако Израел и САД го нападнаа Иран, по што следеа беа инволвирани уште неколку земји.

Поради ситуацијата постои голема опасност да се откаже „Финалисима“, која требаше да се игра меѓу Аргентина и Шпанија на 27 март во Доха.

Овој натпревар беше долгоочекуван од навивачите, кои ќе бидат разочарани затоа што нема да го видат соочувањето на Ламин Јамал и Лионел Меси.

Засега нема информации дали се разгледува друг термин за одигрување на средбата или можеби промена на локацијата.