Ѓуроски: Се виде дека сме поквалитетни, ама јасно е дека мора да се бориме за секоја победа
Искусниот крилен играч погоди кога требаше, беше еден од само двајцата со двоцифрен број поени со што повторно до израз дојде неговиот квалитет. Ѓуроски е задоволен од победата, а ја поздрави екипата за она што го покажа на теренот.
„Видовме и против Ирска дека можат да одиграат квалитетно. Го почнавме мечот мошне бавно и меко, им дадовме мотив да одиграат добро и надеж за победа. Потоа стегнавме, ја сменивме одбраната и дојдовме до посакуваната победа. Се гледа дека ние сме поквалитетна екипа, но јасно е дека мора да се бориме, никој нема да ни ја подари победата. Без разлика дали водиме или губиме, оваа репрезентација игра до крај и тоа е нашата најголема сила“, рече гостиварецот.