Тотнем е ужасно лош, сеир му фаќаше и Премиер лигата (ВИДЕО)

На Тотнем не му оди во Премиер лигата ниту оваа сезона, а сега со лондонскиот клуб како да сакаше да се потсмева и Премиер лигата.

Имено, на официјалниот профил на социјалните мрежи на најсилната англиска беше објавено видео на кое Викарио изведува слободен удар кој заврши надвор од теренот. Покрај објавата беше додаден и текст:

„Баш, како што замисли. Интересен слободен удар на Викарио“, додадени беа и емонтикон кој се смее.

Ваквата објава предизвика реакции на Островот, дел од фановите порачуваа дека лигата не смее да си дозволи да се потсмева на било кој свој член од лигата на официјалните канали.

Ќе потсетиме, Тотнем викендов беше поразе нод Фулам и тимот сега се наоѓа на само четири бода над зоната за испаѓање.