Милан долго се мачеше, но го скрши отпорот на Кремонезе (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан остварија тешка победа на гостувањето кај Кремонезе со 2-0 во 27. коло од италијанската Серија А.

Кремонезе се покажа како цврст ривал против „росонерите“ и се закани дури 15 пати кон голот на гостите, но Милан успеа да се одбрани, а за да ја пробие одбраната на домаќинот му беа потребни 90 минути.

Страхиња Павловиќ во 90. минута успеа да погоди за 1-0, додека Рафаел Леао четири минути подоцна ги постави конечните 2-0.