Мурињо го прекина молкот за случајот со Престијани и испрати моќна порака!

Португалскиот тренер Жозе Мурињо конечно зборуваше за Џанлука Престијани кој е обвинет дека расистички го навредувал Винисиус Жуниор.

Мурињо испрати јасна порака дека доколку се потврди дека Престијани е виновен, тогаш за Аргентинецот повеќе нема да има место во Бенфика.

„Јас кажав дека сум неутрален. Не бранам ниту своја страна, ниту ја обвинувам другата. Сакам да бидам непристрасен. Ако мојот играч не ги почитува принципите, тогаш неговата кариера со тренер под име Мурињо и клуб под име Бенфика е завршена“, кажа Мурињо.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) во меѓувреме води истрага за целиот случај.

Фото: Facebook/Sport Lisboa e Benfica