Aрбелоа не знае кога се враќа Мбапе, но потврди една одлична вест за Реал
Во медиумите се шпекулира дека Мбапе ќе го пропушти првиот натпревар против Манчестер сити во Лигата на шампионите, а ќе биде подготвен за реваншот, сепак Арбелоа тоа не го потврди.
„Кога се враќа Мбапе? Во моментов не можеме да кажеме точен датум. Сè зависи од тоа како ќе се чувствува. Сакаме да биде со нас кога ќе биде 100% подготвен, така што ќе игра само тогаш. Важно е да знаеме точно каква е повредата и да имаме план како да се справиме со неа. Планот е да има соодветно опоравување, да ја достигне физичката форма и да биде максимално подготвен кога ќе се врати“, рече Арбелоа.
Тој потврди дека Родриго ќе биде подготвен да помогне во дуелите со Сити:
„Родриго повторно ќе биде наш важен играч. Знае да биде во центарот на вниманието и да одлучува натпревари. Тој тоа го докажа во изминатите години. Може да игра на сите позиции во нападот, комплетен е офанзивец и тешко е да се запре. Многу сум возбуден поради неговиот враќање“, истакна Арбелоа.