Пелистер ќе бара изненадување кај ГОГ во Данска (ФОТО)

Македонскиот ракометен шампион Пелистер вечерва од 18.45 часот гостува кај ГОГ Гудме во 12. коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Пелистер се наоѓа во лоша форма со четири порази по ред во елитното натпреварување и само четири освоени бодови, па денеска ќе се надева на изненадување против ГОГ и намалување на негативата зад позициите кои водат во нокаут-фазата.

Тренерот Стевче Алушовски го објави составот за вечерашниот меч и реши да му даде шанса на кружниот напаѓач Никола Граховац, додека во составот немаше место за голманот Брестовац.

Натпреварот се игра вечерва во „Свендборг Арена“ во Данска од 18.45 часот.