Вардар ги пушти билетите во продажба за дуелот против Бенфика (ФОТО)

Поранешниот европски шампион Вардар во вторник игра важен натпревар против Бенфика во главната фаза од Лига Европа.

Продажбата на билетите ќе се одвива преку онлајн платформата на www.ticketx.com.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.

Влезниците за натпреварот меѓу Вардар и Бенфика ќе чинат од 200 до 400 денари.

Дуелот меѓу двете екипи е закажан за 3 март од 20.45 часот.