Реал Мадрид подготвил моќна порака за реваншот против Бенфика

Шпанскиот гигант Реал Мадрид подготвува моќна порака вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, по скандалот во Лисабон, каде што Винисиус Жуниор го обвини Џанлука Престијани за расистички навреди.

На стадионот ќе се постават пораки „Не за расизмот“ и „Почит“ со што „кралевите“ сакаат да испратат јасна порака до светот за нулта толеранција за расизмот.

Војната меѓу Винисиус и Престијани продолжи и по инцидентот во Лисабон, откако Аргентинецот обвини дека Бразилецот прв го навредил и го нарекол „џуџе“.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.