Хорор во Италија: Албански фудбалер ја претепал мајка му, па скокнал во море (ФОТО)

Шокантна приказна доаѓа од Италија, каде што младиот албански фудбалер Рикардо Меркури од локалниот тим Монтемилоне ја претепал својата мајка Албана Кастриот во петокот.

Меркури се скарал со неговата мајка, по што почнал да ја тепа, а соседите ја забележале драмата и повикале полиција.

Полицијата ја затекнала жената во несвест, додека Рикардо избегал со автомобил и скокнал во море при што се удавил.

Неговото тело го пронашле нуркачи по потрага долга 38 часа, додека мајка му е во болница во кома.

Фотографии од потрагата може да се погледнат ТУКА.