Бундеслигашот пристигна ослабен, Вардар има голема шанса против Мелсунген!

Вардар денеска игра нов меч од Европската лига, противник на црвено-црните е бундеслигашот Мелсунген кој во Скопје допатува со комбиниран состав, без неколку важни ракометари.

Натпреварот се игра од 20:45 часот во салата „Јане Сандански“, ракометарите на Вардар на крилјата на публиката ќе бркаат победа која може да се покаже и како клучна за пласман во нокаут фазата.

Пред неколку дена Мелсунген важеше за фаворит, но нивните калкулации со составот сега му даваат реални шанси на Вардар да дојде до победата.

Легендарниот Данис Криштопанс кој со Вардар ја освои Лигата на шампионите, не допатува во Скопје, а покрај него нема да играат уште неколку важни ракометари на германскиот тим. Тренерот ќе се потпре на млади ракометарите.

Вардар ќе настапи во полн состав, а од овој натпревар Чупиќ ќе го има на располагање и новото засилување, Вукашин Воркапиќ.

Мелсунген е прв на табелата со максимални шест бода, Вардар, Бенфика и Кристијанштад имаат по два.

Состави за вечерашниот натпревар: