Автокоманда пак ќе гори: Вардар и втора сабота по ред ќе гостува кај Алкалоид!

По завршувањето на регуларниот дел од сезоната изминатиов викенд, во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беа извлечени редните броеви, а со тоа и одреден распоредот плеј-оф фазата во машката ракометна Суперлига.

Шесте најдобри екипи од суперлигашкиот дел ќе одиграат уште десет рунди во кои ќе се одлучува за титулата и пласманот во европските купови. За разлика од претходните години, овој пат екипите ги пренесуваат сите бодови од првиот дел од елитното натпреварување. Ждрепката посака оваа фаза да се овори со второ по ред дерби во Автокоманда во само седум дена и тоа помеѓу Алкалоид и Вардар, кои ги одмерија силите и минатата сабота.

Првакот Пелистер ќе гостува кај ГРК Тиквеш, Бутел ќе го пречека ГРК Охрид на стартот од плејофот. Овој круг од првенството почнува веќе на 28 февруари. Вардар влегува како лидер со 42 бода, второпласиран е Пелистер со 38, Охрид и Алкалоид имаат по 35, додека Бутел и Тиквеш по 22 бодови.

СУПЕРЛИГА – ПЛЕЈОФ

ДВОЈКИ - 1. КОЛО

Тиквеш – Еурофарм Пелистер

Бутел Скопје – Охрид

Алкалоид – Вардар