Фудбалерите на Вардар ја продолжија победничката серија и во 19. коло откако денеска на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ славеше над Башкими со 1-0.

Беше Вардар подобар противник во најголем дел од натпреварот, меѓутоа првото полувреме не донесе многу прилики пред двата гола. Вардар сепак една успеа да искористи и тоа преку Стефан Цветковиќ кој погоди во втората минута од продолжението.

Слична беше селиката и во вториот, Башкими најголемата шанса да го израмни резултатот кумановскиот состав ја пропушти точно на истекот на еден час игра. Тогаш напаѓачот од Гамбија Фодај Травали излезе сам пред голманот Талески кој со одлична интервенција го спаси својот гол.

Во финишот дојде и до инцидент кога судијата Керими му покажа црвен картон на Реџеп Мурати, гостите во тие моменти се повлекоа и прекинот траеше десетина минути по што одлучија да продолжат.

Со овој триумф Вардар дојде до 16-тата победа во првенството, а на табелата е лидер со 51 бод, пред Струга и Шкендија.