Несреќа на ЗОИ - се преврте австриската боб санка! (ВИДЕО)

Несреќа се случи на денешното натпреварување во боб санка на Олимписките игри каде што санката на Австрија во еден момент се преврте.

Еден од членовите на австрискиот тим, Јакоб Мандбуелер беше изнесен од патеката со носилки и веднаш префрлен во болница. Според информациите за среќа не станува збор за нешто сериозно, туку само поради претпазливост.

„Јакоб е на пат за болница. Нема ништо сериозно, но мора да оди на преглед. Сите останати се добро и без никакви повреди“, соопштија од тимот на Австрија.

Инаку, ова не првпат австриската боб санка да се преврти, тоа се случи и во текот на еден од тренинзите во изминатите денови.