Дерби во Автокоманда: Вардар му гостува на Алкалоид

Денеска на ракометните терени во Македонија се игра и првото дерби во Суперлигата во вториот дел од сезоната во кое во Автокоманда ќе се сретнат екипите на Алкалоид и Вардар.

Вардар во Алкалоид гостува како лидер на табелата, но и по поразот од Бенфика во Европската лига на ЕХФ. Поради тоа избраниците на Чупиќ сигурно ќе посакуваат и да се вратат на победничките патеки.

Кога е првенството во прашање, Вардар само продолжи каде што застана и во првите три кола од вториот дел од сезоната забележа три победи против Куманово, Бутел и Пролет.

Но, исто така и Алкалоид отвори со триу триумфи против Пролет, Пелистер 2 и Струга. На табелата Алкалоид е четврти со ист број на бодови со Охрид.

Дербито е закажано за во терминот од 19:30 часот.