Беќири: Да се игра во Европа во февруари е спектакуларно - утре ќе уживаме!
Тетовскиот клуб успеа да се избори за плеј-оф во Конференциската лига, а сега ќе се обидат да направат нов подвиг и да дојдат до осминафиналето. Турскиот тим од пред неколку дена има нов тренер, а според Беќири тоа задачата на Шкендија ја прави потешка.
„Работите за нас станаа потешки со тоа што противникот доби нов тренер, па така и ќе го промени начинот на играта. Ова е натпревар кој треба да го чувствуваме и да уживаме. Да се игра во Европа во февруари е нешто спектакуларно, ќе се обидеме да дојдеме добар резултат. Според мене само две екипи се посилни од нив во ова натпреварување, а со новиот тренер до почетокот не знаеме како ќе играат. Наше ќе биде да дадеме максимум“, изјави Беќири.
Натпреварот утре се игра во терминот од 21:00 часот на арената „Тодор Проески“.