Најавен спектакл на годината: Тајсон ќе се бори против Мејведер (ФОТО)

Легендарните боксери Мајк Тајсон и Флојд Мејведер ќе се борат на 25 април во Конго, а ова се очекува да биде спектакл на годината, откако борбата се најавуваше со месеци претходно.

Тајсон е поранешен шампион во тешка категорија, додека Мејведер е познат по кариерата во супер-велтер категорија. Иако е голема разликата во тежина меѓу нив двајца, сепак ветераните ја препознаа шансата да ја израдуваат публиката.

Фановите со нетрпение ја очекуваат борбата, а борците дефинитивно ќе имаат голема заработка од бокс-мечот кој треба да се одржи на 25 април.