Роналдо се врати на терен и покажа колку е важен за Ал-Наср (ВИДЕО)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо вчера го прекина штрајкот и се врати во составот на Ал-Наср, а вечерва заигра против Фатех и веднаш постигна гол во победата од 2-0.

Роналдо веднаш покажа колку е важен за Ал-Наср и со погодок во 18. минута го отвори резултатот на натпреварот (1-0).

Ал-Наср погоди преку Симакан во 54. минута, но ВАР-технологијата го поништи голот, меѓутоа Ајман Јахја ја потврди победата во завршницата од дуелот.

Роналдо и другарите се наоѓаат на втората позиција во саудискиот шампионат со 52 бодови, односно еден помалку од лидерот Ал-Хилал.

Фото: AlNassr Saudi/Facebook