Жута даде прекрасен гол за Славен, Крстовски погоди за Истанбулспор! (ВИДЕО)
Течеше 90. минута кога Леонард Жута постигна фантастичен гол од слободен удар со што ја завери победата од 2-0 на Славен Белупо над Локомотива.
Илија Несторовски и Александар Трајковски не беа дел од овој натпревар.
Во турската втора лига Крстовски му донесе водство на Истанбулспор од 1-0 на гостински терен кај Чорум. Тимот на Македонецот на крајот победи со 3-2.