ПСЖ загуби од Рен и може уште утре да падне од врвот!
ПСЖ имаше непријатно гостување кај Рен и го забележа третиот пораз оваа сезона.
Рен поведе во 34. минута со гол на Тамари, 1-0 беше и резултатот по првото полувреме.
Во 69. минута Лепол зголеми на 2-0, а три минути подоцна Дембеле намали на 2-1 и го врати ПСЖ во живот.
Но, наместо израмнување, Рен погоди за зголемено водство од 3-1, Емболо во 81. минута беше стрелец. Тоа беше и конечниот резултат.
Доколку утре Ленс победи на гостувањето кај ФК Париз, тие ќе избијат на чело на табелата и ќе го турнат ПСЖ на второто место.