Модриќ е херојот на Милан, со гол во финишот донесе три бода! (ВИДЕО)

Милан тешко дојде до победата на гостувањето кај Пиза, росонерите славеа со 2-1, но победничкиот гол падна во самиот финиш, а стрелец беше Лука Модриќ.

Резултатот беше отворен во 39. минута кога Лофтус-Чик постигна гол за водство на Милан од 1-0.

Мечот можеше да биде решен порано, но нововлезениот Филкруг промаши пенал во 56. минута.

Казната стигна во 71. минута кога Лојола го изедначи резултатот на 1-1.

Сепак Модриќ не дозволи Милан да загуби два бода, по едно двојно проигрување, Хрватот мајсторски реализираше во 85. минута за победа на Милан од 2-1.