Роналдо го прекина штрајкот, се враќа во составот на Ал Наср!

Кристијано Роналдо повторно е во комбинација за настап на меч на Ал Наср откако португалскиот фудбалер реши да го прекине штрајкот.

На Роналдо не му се допадна тоа што нивниот конкурент Ал Хилал се засили со Бензема, а Ал Наср не одговори соодветно.

Тој сметаше дека Саудијците го фаворизираат Ал Хилал, па одби да игра на неколку натпревари за Ал Наср.

Сега стигнуваат информации дека тој се предомислил и се враќа на теренот.

Роналдо ќе игра на утрешниот меч за Ал Наср на гостински терен кај Ал Фатех.