Прилеп му покажа мускули на шампионот, бодовите сепак останаа во Битола!

Пелистер и Прилеп го отворија 21. коло од ракометната Суперлига, актуелниот македонски шампион славеше со 32-27.

Прилепчани храбро се бореа против големиот фаворит кој очекуваше полесна победа, но до триумфот дојдоа со многу мака.

Иако Пелистер водеше со четири разлика на полувремето, беше 16-12 по првите 30 минути, Прилеп не се предаде, одигра многу солидно второто полувреме.

Во текот на вториот дел и комплетно ја анулираа предноста израмнувајќи на 20-20. Откако видоа дека стана густо, битолчани го кренаа нивото и пак со многу мака успеаа полека да го зголемуваат водството. На крајот во мирна завршница победија со 32-27.

Филип Кузмановски со девет голови беше најефикасен во составот на Пелистер, кај Прилеп осум даде Димитар Димитриоски.