Хрватски ватерполист осуден на затвор поради тепачка на – фудбалски меч (ВИДЕО)
Судот одлучи затворската казна да му биде заменета со општествено корисна работа, при што во пресметката е вклучено и времето кое Мариниќ Крагиќ го поминал во притвор по апсењето за време на немирите. Судскиот процес траеше 10 години, а според обвинението на Општинското државно обвинителство во Сплит, Мариниќ-Крагиќ заедно со уште тројца обвинети е прогласен за виновен за предизвикување нереди, вербални и физички напади врз противнички навивачи и редарите, како и за поттикнување насилство преку гестикулации и туркање.
Ватерполистот и останатите обвинети ја негираа вината. Мариниќ-Крагиќ се бранеше дека се обидувал да ги раздвои завојуваните страни и да ја смири ситуацијата, тврдејќи дека дејствувал во самоодбрана. Сепак, судот ја темелеше пресудата врз фотографии и видео-снимки, кои, според образложението, ги побиле неговите наводи. Инцидентот се случил на стадионот во Сент Етјен, во финишот на натпреварот од второто коло меѓу Хрватска и Чешка (2-2), кога хрватски навивачи, меѓу кои и припадници на Торцида, предизвикаа нереди, тепачка и прекин на натпреварот. Меѓу нив се наоѓал и професионалниот ватерполист.
Мариниќ-Крагиќ беше стандарден репрезентативец на Хрватска во ватерполо сè до Олимписките игри во Париз 2024, каде со националниот тим освои сребрен медал.