Фудбалерите почнуваат и завршуваат на домашен терен – 4 пати ќе играат во само 11 дена!
Најпеколно ќе биде првиот дел во кој се планирани дури четири натпревари во 11 дена и тоа со две патувања на гости. Избраниците на новиот селектор, Гоце Седлоски, дуелите во Лигата на нации ќе ги почнат на домашен терен против Швајцарција (24.09), каде што ќе играме и против Шкотска (3.10), но помеѓу овие два меча прво ќе ѝ гостуваме на Словенија (29.09) за кругот да го затвориме со уште една средба против Швајцарците, овој пат како гости.
Само нешто еден месец подоцна, нашите фудбалски херои ќе ги одиграат и преостанатите две средби и тоа прво на гости кај Шкотите, а потоа и на скопската арена против словенечката репрезентација.
Четвртфиналните натпревари како и плејоф-дуелите од Лигата на нации ќе се играат следната година од 25 до 30 март. Завршниот турнир на кој селекциите од А сегментот ќе се борат за трофејот ќе се одржи од 9 до 13 јуни 2027 година.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
1. КОЛО: МАКЕДОНИЈА – Швајцарија (26 септември)
2. КОЛО: Словенија – МАКЕДОНИЈА (29 септември)
3. КОЛО: МАКЕДОНИЈА – Шкотска (3 октомври)
4. КОЛО: Швајцарија – МАКЕДОНИЈА (6 октомври)
5. КОЛО: Шкотска – МАКЕДОНИЈА (13 ноември)
6. КОЛО: МАКЕДОНИЈА – Словенија (16 ноември)