Ана Цветановска го освои 105. место на трката на 10 км на ЗОИ

Македонската натпреварувачка Ана Цветановска го освои 105. место на трката на 10 километри во нордиско скијање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026.

Цветановска успеа да стигне до целта за време од 31.32 минути, односно осум минути и 43 секунди побавно од шампионката Фрида Карлсон, која стигна до златниот медал за 22.49 минути.

Зад Карлсон завршија Швеѓанката Андерсон која освои сребро и Американката Џеси Дигинс која стигна до бронзениот медал.

Фото: МОК