Македонија ја „тресна“ Грција за прва победа на Медитеранското првенство
Младите ракометарки го загубија првиот период со 7-9, но успеаја да се вратат и во следните два да триумфираат со 8-5 и 9-4 за конечен триумф од 24-18.
Македонија го игра последниот меч од групната фаза против Хрватска утре од 13.30 часот, по што в сабота се очекува дуелот за разигрување за позиции на Медитеранското првенство.
Ракометарките на Македонија претходно загубија од Италија, Словачка и Словенија.