Хаотична трка на ЗОИ: Брињоне освои злато, а дури 17 скијачки отпаднаа! (ФОТО)

Италијанската скијачка Федерика Брињоне успеа да слави во супервелеслалом и да го освои златниот медал, но трката ја одбележаа голем број излетувања од патеката.

Проблематичен беше средниот дел од патеката, во која излетаа голем број скијачки, односно од 43 натпреварувачки, дури 17 од нив не успеаја да стигнат до самиот крај.

Брињоне, сепак, најдобро се снајде од сите и стигна на целта со време од 1:23.41, додека зад неа ги остави Французинката Романе Мирадоли и Австријката Корнелија Хутер.