Пукна „петарда“ во францускиот Класик: ПСЖ го разнесе Марсеј (ВИДЕО)

Актуелниот француски и европски шампион ПСЖ му го нанесе највисокиот пораз на својот најголем ривал Марсеј во историјата на меѓусебните дуели совладувајќи го на домашен терен со 5-0.

Тимот од Азурниот брег во минатото бил многу послаб отколку што е сега, но никогаш не загубил со пет гола разлика иако се случило да прими толку голови. Вечерва замина на Паркот на принцовите како четвртопласиран на табелата поради што се очекуваше жесток Класик, но немаше ништо од тоа.

Уште во првото полувреме Дембеле два пати ја затресе мрежата на гостинскиот тим со два фантастични проектили. Во вториот дел Медина си постигна автогол, а потоа Кварацкелија и Ли се погрижија дебаклот на противничкиот тим да биде комплетен.

Со овој триумф ПСЖ се врати на челната позиција на табелата, додека Марсеј ја пропушти и последната шанса да се вмеша во борбата за титулата бидејќи негативата во однос на денешниот ривал сега изнесува 12 бода.