„Вардар сега ми помогна, а јас ќе му вратам - имаме тим за освојување на титулата!“
Велковски се врати во редовите на „црвено-црните“, каде што претходно играше од 2015 до 2018 година, па кажа дека Вардар му помогнал, а тој сака да му возврати со иста мера.
„Вардар во моментов мене ми помогна, а јас ќе му помогнам на Вардар и сигурен сум во тоа. Во последните година ипол не бев како што треба, имав многу пропуштени натпревари и се надевам дека ќе фатам ритам. Имаме добра екипа за македонскиот шампионат, ако сме како што треба, ќе ја освоиме титулата. Се надевам на голема минутажа, а целта е освојување на првото место, Куп-титула, а потоа и настап во Европа“, кажа Велковски.
Вардар е лидер во лигата со 42 бодови, односно еден повеќе од Струга и шест поени повеќе од Шкендија.