Најдобар натпревар на Партизан во пост Обрадовиќ ерата, настрада - Панатинаикос

Неколкуте несреќни порази на Партизан последните недели денеска стигнаа на наплата, а сметката ја плати Панатинаикос.

Белградскиот клуб буквално го расгури седумкратниот европски шампион и пред своите навивачи славеше со 78-62 во својот најдобар натпревар откако тренерската позиција ја напушти Жељко Обрадовиќ. Колку на Панатинаикос ништо не му одеше, толку домашните кошаркари користеа и на својот противник му нанесоа пораз кој може скапо да го чини тренерот Ергин Атаман.

Ако првата четвртина беше рамноправна, во втората и третата Панатинаикос вкупно постигна 23 поени (14+9) и Партизан го искористи за по 30 минути игра да поведе со огромни 24 поени разлика (66-42). Во финалниот период ПАО се обиде нешто да намали, но далеку од тоа дека ова може да се смета за пристоен пораз ако доаѓа од тим кој одамна ги загуби шансите за пласман во топ-10.

Интересно е тоа што најдобар стрелец на мечот беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој постигна повеќе од третина од поените на Панатинаикос (21). Тој беше и единствен со двоцифрен ефект во грчкиот тим бидејќи далеку зад него останаа Ернангомез и Митоглу со седум.

РЕЗУЛТАТИ
Дубаи - Реал 93-85
Хапоел - Валенсија 99-104
Баерн - Монако 91-82
Партизан - Панатинаикос 78-62