Интер преку Торино до полуфинале од Купот на Италија!
На Сан Сиро ќе бидат отворени Зимските олимписки игри, па Интер на стадионот на Монца му беше домаќин на Торино, но тоа не им пречеше на нероазурите да дојдат до триумф.
Резултатот беше отворен во 35. минута кога Бони даде гол за водство на Интер од 1-0.
По само две минути игра во вториот дел Диуф постигна погодок за предност на Интер и од 2-0.
Торино се врати во игра во 57. минута кога Куленовиќ постигна погодок, но тоа беше се што сторија.