ЕХФ погреши, па се поправи: Заборавија дека Македонија е носител во ждребот!

Европската ракометна федерација често добива критики за лошата организација на актуелното Европско првенство, а сега погрешија и луѓето кои се задолжени за ждребот за Светското првенство наредната година во Германија.

Македонија ждрепката ја дочека како носител и во баражот ќе играме против победникот од дуелот помеѓу Украина и Словачка.

Но, на денешната церемонија, ЕХФ направи и една грешка токму со Македонија. Имено, иако бевме во групата на носители бевме извлечени од првот сад, место од вториот, па така во прв моменнт беше соопштено дека реваншот ќе го играме на гости.

Сепак, грешката брзо беше поправена, па Македонија како што налагаат и прво ќе гостува, а потоа ќе игра дома.

Натпреварите на Македонија од баражот се играат на 13/14 и 16/17 мај,