Рамос за 450 милиони евра го купува својот матичен клуб
Негов партнер во потфатот е Мартин Инк од „Фајв Илевен Капитал“, а со договорот започнува период на ексклузивност во кој Рамос и неговиот тим ќе ја анализираат финансиската состојба на клубот пред да склучат конечен договор, објавува „Кадена СЕР“.
Се очекува овој процес да трае неколку месеци, по што ќе се донесе конечна одлука. Овој развој на настаните потврдува дека неодамнешните гласини не биле неосновани и дека понудата што ја дале Серхио Рамос и неговите партнери е сериозна и поткрепена со принципиелен договор. Според дополнителни информации, почетната понуда за клубот е 450 милиони евра. На овој начелен договор му претходеше состанок одржан на 15 јануари, на кој Серхио Рамос и Перез Солано ја презентираа својата понуда и проект пред акционерите. Состанокот, кој траеше повеќе од два часа, беше оценет многу позитивно поради важноста на понудата, што на крајот доведе до постигнување на договорот.
Рамос играше за Севиља два пати во текот на својата кариера. Првиот пат од 2003 до 2005 година, по што се пресели во Реал Мадрид, а потоа во сезоната 2023/24, по две сезони во ПСЖ