Лапорта објасни како Дро ѝ го свртел грбот на Барселона и заминал во ПСЖ!
Францускиот клуб за него ќе плати осум милиони евра, Дро денеска ќе ги мине лекарските прегледи и ќе стави потпис на договорот.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вели дека е изненаден од заминувањето на Дро.
„Заминувањето на Дро ме изненади. Ние имавме усмена согласност со него за продолжување на неговиот договор кога ќе наполни 18 години, но потоа неговиот агент ни кажа тој наеднаш се предомислил. Ситуацијата беше непријатна“, рече Лапорта.