„Ето не јадеше со камерунската репрезентација зашто се плашеше дека ќе го отрујат“
Краток период, двајцата заедно го носеа дресот на репрезентацијата на Камерун, а Донгу од тоа време носи чудни впечатоци. Ето немал доверба во своите сонародници, поради што се изолирал кога бил на репрезентативните настапи.
„Самуел Ето не јадеше со нас за време на подготовките и собирите на камерунската репрезентација бидејќи се плашеше дека ќе го отрујат. Неговиот брат му носеше храна“, откри Донгу.
Тој дебитираше во првиот тим на Барселона во 2013 година на 18-годишна возраст, но остана на само еден натпревар и откако смени десетина клубови низ Шпанија, Финска, Кипар и Јапонија, на 28 години ја заврши професионалната кариера.