Се вжештува атмосферата - „Фалангата“ во елемент (ВИДЕО+ФОТО)

Македонските навивачи попладнево го преплавија Хернинг, особено фан зоната, во пресрет на натпреварот против Португалија.

Атмосферата се вжештува, фановите се во фантастично расположение и со нетрпение го очекуваат почетокот на мечот.

Без разлика на прогнозите, Македонија ќе има фантастична поддршка од трибините, а тоа може да им даде само крилја на нашите ракометари.