Пике го исмева Арбелоа: Добро деби на новиот Мадрид

Поранешниот дефанзивец и легенда на Барселона, Жерар Пике го искористи дебаклот на Реал Мадрид против Албасете (2-3) за да го исмева новиот тренер на „кралевите“, Алваро Арбелоа.

Арбелоа беше назначен за тренер по отказот на Чаби Алонсо, но нема најдобар почеток на авантурата во „кралскиот клуб“.

„Добро деби за новиот Мадрид“, кажа Пике саркастично преку „Твич“ по поразот на Реал Мадрид.

„Кралевите“ неодамна го загубија финалето во Суперкупот на Шпанија против Барселона, а во лигата се зад каталонскиот гигант, односно имаат четири поени помалку.

Фото: Instagram/3gerardpique