Нови детали: Шрудер цели 40 минути го чекал Дончиќ пред соблекувалната

Една од темите во НБА во изминатот период беше судирот помеѓу Лука Дончиќ и Геманецот, Денис Шрудер кој веќе заработи суспензија од три натпревари од НБА лигата.

Сега во јавноста се појавуваат и повеќе детали од конфликтот помеѓу двете НБА ѕвезди.

За време на дуелот камерите во неколку наврати ги забележале Дончиќ и Шрудер во размена на навреди на паркетот, што беше само продолжение на нивниот судир започнат на претходниот меч. Дончиќ очигледно го излудуваше Шрудер, кој целосно „пукна“ кога Словенецот му дофрли:

„Требаше да го потпишеш тој договор“.

Секако, Дончиќ алудираше на „легендарниот“ деловен потег на Шредер од пред пет години, кога Германецот ја одби понудата од 84 милиони долари од Лејкерс, уверен дека може да добие повеќе, за на крајот да потпише договор со Бостон Селтикс вреден само шест милиони долари.

Шрудер бил бесен поради провокациите на Дончиќ, па поради тоа решил да го побара во арената по завршувањето на натпреварот. Според информациите, тој 40 минути чекал пред соблекувалната, со намера физички да се пресмета со Лука.

Кога Словенецот конечно се појавил, Шрудер му пришол и, како што стои во официјалното соопштение на лигата, се обидел да го удри, поради што и ја доби суспензијата.